Можен е ТВ-дуел помеѓу Мицкоски и Заев

Христијан Мицкоски, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, го повика премиерот на Македонија, Зоран Заев, на ТВ-дуел, одлука што ја донел на седница на Централниот комитет на партијата што ја води..

„Како човек како претседател на најголемата опозициска партија и најорганизираната политичка сила во Република Македонија ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја искористам оваа прилика еве и да му одговорам на претседателот на Владата на неговата покана - го повикувам Заев да се соочиме на телевизија, да дискутираме за преговорите, но и за сите оние фаули што ги прави на полето на економијата, на немањето реформи, во образованието, во здравството, да дискутираме за сите оние погрешни политики“, вели Мицкоски.

Во претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ од 2006-та, па ниту за време на техничката влада до 2017-та немаше ТВ-дуел помеѓу премиери и лидери на опозицијата, ниту пред парламентарните избори, најмногу благодарение на тоа што Никола Груевски и Емил Димитриев одбегнуваа такви соочувања.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top