Мрачната тајна на Ван Нистелрој: Зошто Холанѓанецот бил опседнат со Анри?

Првата деценија од новиот век во англискиот фудбал ја одбележа ривалството меѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед кои ги освоија титулите пред појавата на Челси и Жозе Мурињо..

Дел од тимот на Јунајтед тогаш беше холандскиот ас Руд ван Нистелрој кој еднаш на своја кожа го почувствува гневот на фудбалерите на Арсенал. Но, освен тоа, напаѓачот имал уште една фобија – Тиери Анри.

„Тој беше одличен фудбалер, но му требаше некој да се споредува. По натпреварите редовно одеше во соблекувална, дури и кога игравме за титула и резултатите ги гледаше на телевизија, само за да провери што направил Анри. Еднаш победивме со 3-1 или 4-1, тој постигна гол, но беше разочаран – дозна дека Анри дал два. Беше опседнат од тоа да биде подобар од Анри“, откри соиграчот на Ван Нистелрој, Рио Фердинанд.

Холанѓанецот беше дел од Јунајтед во периодот од 2001 до 2006 година, а во сезоната 2002/03 беше прв стрелец во Премиер лигата. Тоа е токму таа сезона за која зборува Фердинанд, во која Ван Нистелрој постигна 25, а Анри 24 гола.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top