Мурињо е апсолутен победник против новинарите: Закажа прес конференција во „ниедно“ време

Повеќенеделната војна со англиските новинари резултира со еден од најчудните потези во историјата на Манчестер Јунајтед..

Жозе Мурињо одлучи за утре да закаже прес-конференција во 8 часот наутро, дури пет часа од вообичаениот термин во кој се среќава со новинарите. Тоа е казна за нив за односот кон него последните недели, а особено поради тоа што го прогласија Зинедин Зидан за нов менаџер на тимот.

Манчестер Јунајтед в сабота го пречекува Њукасл и не смее да си дозволи нов кикс.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top