Мурињо и Тотенхем ќе се жалат - потврдена казната за Сон

Еден од најдобрите играчи на Тотенхем, Сон Ми, ќе ги пропушти следните три натпревари на својот клуб, поради суспензијата и црвениот картон на мечот против Челси..

Сон заработи директен црвен картон во дуелот против Рудигер, имаше и ВАР на снимката, по што беше потврдена најстрогата казна.

Мурињо најави дека во името на Тотенхем ќе се жали на суспензијата, но тешко дека ќе има позитивен одговор.

Англиската федерација денеска ја потврди казната, а Сон ги пропушта дуелите со Брајтон, Норич и Саутемптон.

Спарси моментално се седмопласирани во Премиерлигата со 26 бодови.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top