Мурињо има полни раце работа: На двајца свои играчи им наредил да ги „оладат“ главите

Тренинзите на Манчестер Јунајтед последните неколку сезони знаат да бидат напорни и да донесат по некоја повреда, која подоцна им се одбива од глава..

Такво сведоштво кон медиумите има и дефанзивецот на Јунајтед, Маркос Рохо, кој открива како нему и Ибрахимовиќ им било наложено да ги оладат главите кога се на тренинг.

Овој двоец подолг период беше надвор од терените поради проблеми со повредите, и заедно се вратија пред десетина дена.

Но Мурињо веројатно ја има најтешката работа на тренинзите, да им посочи до кој степен на жештина треба да влегуваат во дуелите.

Зборувајки за еден од весниците близок до Манчестер Јунајтед, Рохо открива: „Тренерот е секогаш среќен од нашата работа, тој многу ми помогна во овој клуб, тој е еден од најдобрите тренери. Секогаш ни вели дека треба да бидеме благи на тренинзите, бидејки јас и Ибра заедно, на тренинзите се удираме. Тој е неверојатен карактер, вистински ѕвер кој гази напред и сака да освојува се“, истакна Рохо.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top