Мурињо индиректно посочи дека е лут на Интер поради ситуацијата со Ериксен

Жозе Мурињо го обвини Интер што „предоцна“ ја заврши работата околу доведувањето на Кристијан Ериксен..

Цел месец Интер се обидуваше да го доведе Ериксен и се чини дека успеа во тоа. Данецот не беше во тимот на Тотенхем денеска против Саутемптон во ФА Купот и се верува дека е веќе во Милано каде треба да ги мине лекарските прегледи пред да потпише со Интер.

Мурињо беше лут што трансферот се завршува кон крајот на преодниот рок, што не им остава можност на Спарси да пронајдат адекватна замена.

„Не сакам ништо да кажам. Сакасамо да речам дека таа ситуација не би требало да се случи на 25. јануари. И не е Тотенхем виновен што на 25. јануари сме во оваа ситуација“, изјави Мурињо на прес-конференцијата по ремито со Саутемптон со што вината ја насочи кон својот поранешен клуб.

„Единствено што можам да кажам е дека Ериксен, откако пристигнав, се однесуваше многу добро и навистина професионално, со мене и со остатокот од тимот. Тотенхем е последниот кој е виновен за оваа ситуација, но не е убаво да се биде во ваква ситуација на 25. јануари“.

Со оглед на тоа дека не сакаше да го продолжи договорот кој му истекува на лето, Тотенхем не сакаше да ризикува, па ќе заработи околу 20 милиони евра од трансферот на Ериксен.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top