Мурињо изрежира луд пресврт, Реал прокоцка победа, Баерн со 6-ка за Звезда

Црвена Звезда вечерва целосно се распадна на стадионот „Рајко Митиќ“ против Баерн Минхен (0:6)..

На оваа средба посебно впечатливи беа покер головите на Левандовски, постигнати во период од само 15 минути, еден постигна Леон Горецка, еден Толисо.

Тотенхем успеа од 0:2 во првиот дел против Олимпијакос, да го сврте натпреварот во 30 минути и на крајот да слави со 4:2. Головите за Тотенхем ги постигнаа Али во 46, Кејн 50, Орие во 73 и Кејн во 77 минута.

Јувентус успеа со фантастичниот гол на Дибала, да го победи Атлетико со 1:0 и да го освои првото место во нивната група.

Аталанта рутински оствари победа против Динамо Загреб со 2;0, додека Реал Мадрид успеа да прокоцка предност од 2:0, два гола постигна Бензема, а потоа во само 3 минути на сцена стапија Мбапе и Сарабија кои донесоа изедначување на 2:2 и всушност тој бод им го загарантира првото место во групата.

Единствен кикс вечерва направи Манчестер Сити, на домашен терен против Шахтар (1:1), иако првото место им е веќе обезбедено.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top