Мурињо: Јас сум најпримерен тренер во Премиер лигата и треба да ми се дaде награда за тоа

Жозе Мурињо, стратегот на Манчестер Јунајтед пред медиумите во Англија истакна дека работи со голем труд да го подобри своето однесувња, што и му оди од рака..

Португалецот смета дека во моментот нема помирен тренер од него и за тоа заслужува да биде награден.

„Сериозен сум во ова што ќе го кажам. Мислам дека јас треба да ја добијам наградата за најпримерен менаџер. Има награди од типот  менаџер на неделата, менаџер на месецот, но оваа награда за најпримерен дефинитивно треба да ја добијам. Сигурен сум дека би ја освоил. Немам сторено ниту еден проблем од мечот со Саутемптон (23 септември), кога заработив црвен картон, бидејќи влегов во теренот. Иако знам дека од „лош“ никогаш нема да станам „добар“, но сепак мислам дека сум на вистински пат“, изјави Мурињо.

„Специјалниот“ иако е примерен, сепак нема многу причини за  задоволство по лошите резултати на „црвените ѓаволи“.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top