Мурињо: Не е коректно кон Хрватска

Менаџерот на Манчестер Јунајтед го искажа своето разочарување од фактот што Франција имаше еден ден повеќе за одмор од Хрватска. Имено, Франција полуфиналето го играше во вторник, а Хрватска во среда..

– Верувам дка Французите славеа во своите соби. Не победата, туку дополнителниот одмор. Славеа дека имаат 24 часа повеќе одмор. Тоа е некоректно кон Хрватска. Знам дека телевизите даваат многу пари, но мислам дека заради финалето двата полуфинални дуела треба да се играат ист ден. Едниот натпревар час или два порано, а другиот час подоцна, баш како во групната фаза. Зошто двете репрезентации да немаат исти шанси, изјави Мурињо.

За тоа колкава е предноста на Франција, Мурињо потенцираше:
– Огромна. Тоа е голема предност по шест одиграни натпревари. Можат да слават и тоа што Хрватска три дуела ги играше во продолжение, Хрватите имаат цел натпревар повеќе од Французите, заврши контраверзниот менаџер.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top