Мурињо не може без провокации, ја пецна и новата ѕвезда на Атлетико

Жозе Мурињо работи како аналитичар во Скај спортс за Премиер лигата, но не му пречи да ги искоментира и приликите во шпанското првенство..

Се фати за Атлетико Мадрид, поточно за новата ѕвезда на тимот Жоао Феликс за кого смета дека треба да ја преземе одговорноста и да го однесе тимот до титулата во Лигата на шампионите.

„Не е важно дали играчот има 18, 20 или 25 години, одговорноста мора да се преземе и тоа чувство е вродено. Време е Феликс да каже дека е тука и сака да победи“, изјави Мурињо.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top