Мурињо: Ни остануваат да одиграме уште две „финалиња“

Веднаш по дуелот со Јувентус менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо со својот гест го навлече гневот на играчите на Јувентус, но потоа во изјавата за БТ Спорт беше смирен и ја преслика ситуацијата за неговиот тим во групата..

– Мислам дека треба да одиграме уште две финалиња. Сега одигравме едно и со победа над Јанг Бојс би можеле да се квалификуваме, изјави Мурињо.

Тој не остана равнодушен и за голот на противникот.
– Роналдо одлично ја заврши работата, а нему му асистираше централниот дефанзивец (Бонучи). Тие имаат квалитет на сите линии, а ние добро реагиравме, заврши Мурињо.

Манчестер Јунајтед следниот дуел од ЛШ го игра на домашен терен против Јанг Бојс на 28.ноември.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top