Мурињо: Ние требаше да победиме, Челси се бранеше со 9 играчи!

Португалецот Жозе Мурињо по поразот од Челси во финалето од ФА Купот, истакна дека сепак неговите момци биле подобрата екипа, па дека неправедно се поразени во финалето..

Јунајтед не брилјираше ни одблиску, во едно од полувремињата, немаа ниту еден шут во рамки на голот, што ја објаснува нивната стерилност, во спротивност од она што Португалецот го тврди.

Ромелу Лукаку не играше цел натпревар, тој влезе во самиот финиш од средбата, имаше една полу шанса при крајот на мечот, но тоа беше се што видовме од „црвените ѓаволи“.

Јунајтед постигна гол, но поради офсајд замката во која западна Санчез, голот беше поништен.

Честитки за победниците, но сепак, мислам дека ние требаше да победиме. Јас сум секогаш фер тренер, тие постигнаа гол повеќе од нас и не победија. Ние сепак бевме подобрата екипа и ние заслуживме да победиме. Па на таков став, љубопитен сум што ќе има да кажат останатите на ова, бидејки можам да замислам што ќе зборуваа за нас, доколку ние игравме на начинот на кој Челси денеска играше“.

Беше тешко да играме без Лукаку, но јас и момците дадовме се од себе, напаѓавме против тим кој се брани со 9 фудбалери, сторивме се што беше во наша моќ. Ова е пораз кој боли, но си одам дома со чувство дека дадовме максимум“, истакна Мурињо по натпреварот.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top