Мурињо остана импресиониран од неговиот настап на Мундијалот - го купува за само 12 милиони

Англиските медиуми утрово пренесуваат информација која вели дека Жозе Мурињо следејќи го Мундијалот во Русија дошол до идеа за ангажман на уште еден нов фудбалер..

Тоа е најдобриот фудбалер на Швајцарија, Џердан Шаќири кој со својот национален тим стигна до 1/8 финалето во Русија каде што беа елиминирани од Шведска.

Шаќири кој воодушеви со својата игра многу лесно би можело да остане во Премиер лигата, но би го направил трансферот на кариерата. Манчестер Јунајтед има можност да го купи од Стоук за само 12 милиони евра.

Пред почетокот на СП во медиумите се зборуваше и пишуваше дека Јирген Клоп исто така го посакува Швајцарецот во редовите на Ливерпул.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top