Мурињо се произнесе: Вие сте љубоморни, а нему баш му е гајле

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо жестоко го одбрани Пол Пгба од оценките дека не е вреден за сумата донесен во клубот, оценувајќи дека на Французинот не му е гајле за истите..

Јунајтед плати 105 милиони евра за Јувентус да го врати Погба на „Олд Трафорд“, но оваа сезона мислењата се и тоа како поделени.

По последните критики за натпреварот против Челси во ФА Купот, Мурињо се огласи и оцени дека критиките се предизвикани од љубомора.

„Чувствувам дека светот ја губи својата вредност и дека сите тоа го знаеме. Зависта доаѓа на ниво од кое се плашам. Не е Пол виновен што добива 10 пати повеќе пари од останатите играчи во минатото. Не е тој крив што некому му требаат пари за да преживее, додека е тој мултимилијардер. Не е тој виновен“, истакна Португалецот.

Јунајтед се подготвува за реванш осминафиналната средва од Лига Европа против Ростов, но тој делот за разговор со новинарите се чини му го посвети на Пол.

„Тој заслужува почит. Тој доаѓа од работничко семејство, на кое му треба доволно храна. Тој дојде во Манчестер како тинејџер, кој се бореше за својата кариера и не се плашеше да се пресели во друга земја во потрага по подобро искуство. Никој ништо нему не му поклонил“, истакна Муерињо.

Погба замина од Манчестер во 2012. година, но се врати од Јувентус пред почетокот на оваа сезона.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top