Мурињо со совет до Јувентус: Внимавајте со Роналдо…

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо се осврна на трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус кој го потресе италијанскиот и европскиот фудбал ова лето..

Португалецот стана најскап играч во историјата на Серија А, но Мурињо го предупредува Јувентус да внимава.

„Трансферот на Роналдо е нешто фантастично за Јуве и италијанскиот фудбал. Овој клуб ќе доминира во домашното првенство следните години и дури ќе му биде полесно да дојде до титулите. Од друга страна тоа може да ги стимулира противниците Рома, Наполи, Интер и Милан дополнително да се засилат и да се обидат да го стинат Јуве”, смета Мурињо.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top