Мурињо за играчот кој го воодушеви: Не морам да зборувам за него кога веќе сите го прават тоа

Тотенхем денеска дојде и до втората победа во Премиер лигата по доаѓањето на Жозе Мурињо на клупата на овој тим..

Спарси на свој терен го совладаа Борнмут со 3:2 и така скокнаа на 7. место на табелата. Два гола постигна Деле Али, а еден постигна Сисоко.

Токму Деле Али во последно време игра се подобро и постигна три гола во последните два меча.

Младиот Англичанец се мачеше оваа сезона со формата и со повредите, но сега игра се подобро и подобро, а и МУрињо го пофали по денешниот меч.

„Не морам да зборувам за Деле Али“, изјави Мурињо.

„Најдоброто што може да му се случи на еден тренер е кога не мора да зборува за играчот, бидејќи сите зборуваат, сите вие, навивачите, сите зборуваат за него од вистински причини.

Игра многу, многу добро. Од него повеќе не можев да барам. Игра неверојатно, постигнува голови, помага, работи, фантастично“, додаде тренерот на Тотенхем.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top