Mузеј на ВМРО, судењето на Канческа одложено за 13 март

Поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа – Милевска денеска седна на обвинителна клупа за случајот „Тендери“. Но, рочиштето се одложи за 13 март..

Нејзините адвокати ги побараа прислушуваните рзговори и го оспорија вештачењето на фирмата која го изготвила извештајот. Одбраната посочи дека вештакот во моментот на изработка на документот бил без важечка лиценца. 

Но, од Специјалното обвинителство тврдеа дека вештачењето е законско. Канческа – Милевска и ште две службенички од министерството за култура се под обвинение дека ја фаворизириле компанија Бетон – Штип за да добие тендер за завршни работи на музејот на ВМРО. Обвинети се за злоупотреба на службената положба и овластување.

„Месец дена после изготвувањето на вештачењето имате барање за нови факти да се утврди од Министертвото за култура и потоа тоа се обидува да се ретерира со тоа што има меѓусебна коренсподенција помеѓу нарачателот на вештачењето, Специјалното обвинителство и изготвувачот на вештачењето. И каков беше тој коментар во правец ние бевме изненадени кога вештакот се обратил со допис до Министерството за култура.“, изјави Сашко Дуковски, адвокат



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top