МВР му го укина обезбедувањето на Никола Тодоров

Освен екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, кој остана без обезбедувањето од МВР, без телохранители од неодамна е и поранешниот министер за здравство Никола Тодоров..

По претходно направени проценки за безбедноста и ризикот на поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков и на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров беше донесена одлука со која им се укинува полициското обезбедување, потврдуваат од МВР. 

По поднесувањето на оставката во мај 2015 година, за обезбедувањето на Мијалков се грижеа шест телохранители, а на располагање имаше и два автомобила.

Тодоров доби обезбедување откако беше нападнат пред министерската зграда од страна на дедото на малата Тамара, Љупчо Стојановски, кој пукаше во него. Ексминистерот користеше обезбедување нешто повеќе од една година. Безбедносната мерка за него стапи на сила во јуни 2017 година.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top