МВР започна со заштита на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ: Пријава за фејсбук-статус на советник на Груевски

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе Известување за откриени содржини во кои има повикување на насилство или најави за однесување кое би значело загрозување на туѓа безбедност.

Прв на тапет е Горан Торбаков, советник во кабинетот на екс-премиерот Никола Груевски за странски инвестиции и дијаспора. Претходно извршуваше и други доделени функции. Пред да дојде во Македонија, работе во Австралија.

Против Г. Т. (48) од Скопје, поради споделена објава на социјалната мрежа Фејсбук со која се шири говор на омраза и загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието на Република Македонија, до надлежното јавно обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава согласно чл.319 и чл. 144 став 4 од Кривичниот законик на Република Македонија.

- Да даде Господ од утре еден по еден од овие да ги гледаме во некролог по бандери и весници. гроб да не може да им направат на македонска земја - напиша на својот профил човекот кој се деклалираше како експерт за дијаспора во времето на претходната власт. 

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата [email protected]

Министерството за внатрешни работи нема да толерира закани по живот на граѓани и повици за насилство и ќе ги презема сите потребни мерки за одржување и зачувување на јавниот ред и мир.

Еве што напиша Торбаков на негвиот Фејсбук профил:

Извор: Фактор


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top