МЗТ загуби од Олимпија

Македонскиот шампион следниот меч ќе го одигра на 3 јануари.

Унион Олимпија го совлада македонскиот шампион МЗТ Скoпје со 73-62.МЗТ 2013 година во АБА, ќе ја заврши со шест победи и осум порази, додека Олимпија има една победа помалку (5/9).

Кејд Дејвис беше најдобриот кошаркар на МЗТ на натпреварот во Љубљана, тој постигна 20 поени, а двоцифрени кај ‘металците’ уште беа Дамјан Стојановски со 13 и Стефан Синовец со 12 поени.Овој натпревар МЗТ го одигра без својот капитен Тодор Гечевски, кој дуелот го гледаше од клупата.

Македонскиот шампион следниот меч ќе го одигра на 3 јануари, кога во рамките на 15.коло ќе го пречека Сонлок.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top