На 22 декември Собранието ќе избира нов јавен обвинител

Собранието во рамки на денешното продолжение на 22 седница ја заврши расправата по владиниот предлог Љубомир Јовески да биде нов државен јавен обвинител, а претседателот на Парламентот Талат Џафери гласањето го закажа за 22 овој месец..

На денешната седница не присуствуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а според пратениците од владејачкото мнозинство новиот државен јавен обвинител би можел да ја има најтешката задача за спроведување реформи во институцијата.

„Со овие реформи во обвинтиелството ја враќаме правната држава. Тоа ни е основната цел на сите и затоа јас ја повикувам опозицијата да го потврди она за што сметаме дека имаме консензус дека Јовески е вистинскиот предлог за нов државен јавен обвинител, рече пратеникот од СДСМ Томислав Тунтев.

Артан Груби од ДУИ посочи дека ќе дадат поддршка на предлогот и истакна дека ДУИ очекува од Јовески да изгради објективно Јавно обвинителство кое ќе ужива доверба кај граѓаните согласно законите, а не „согласно тефтерот.“



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top