На Арсенал му се погоди Вилијан, сака уште еден првотимец на Челзи

Подолго време се знае дека Арсенал до крајот на преодниот рок има намера да го засили средниот ред..

Со недели наназад како главни мети се апострофирани Хусем Ауар од Лион и Томас Парти од Атлетико, но британски „Скај“ носи информација дека Микел Артета се подготвува да тргне во лов на Жоргињо.

Делува како гром од ведро небо, но не е така. Бидејќи Шпанецот беше дел од стручниот штаб на Пеп Гвардиола во 2018 година кога Манчестер Сити сакаше да го доведе репрезентативецот на Италија. Родениот Бразилец тогаш одлучи да го следи Маурицио Сари на „Стемфорд Бриџ“. Стручњакот си замина, играчот остана.

И со оглед на тоа дека нема никакви назнаки дека Парти или Ауар ќе пристигнат на „Емирати“, односно двајцата ги надминуваат дометите на платежната моќ на Арсенал, Артета одлучи да се насочи кон фудбалерот чии играчки квалитети и тоа како ги цени.

Лукас Тореира е блиски до Атлетико и Арсенал игра на таа карта со цел да се обиде да го добие Парти. Планот е да се продаде и Матео Гендузи и потоа на „Топчиите“ во средината им остануваат Џака, Елнени, Себаљос и Вилок, среден ред кој не влева доверба, односно со кој не може сериозно да се тргне во борба за Лигата на шампионите во натпреварување какво што е Премиер лигата. Потенцијалниот потпис на Жоргињо во одредена мерка би ја поправил ситуацијата, иако ни тоа не би била гаранција за исполнување на амбициите на Арсенал. Со доведувањето на Ауар и Парти, клубот од северен Лондон би можел да пука на високо. Со други зборови, би делувало многу посериозно во очите на ривалите од големата шестка.

Меѓутоа, ни 28-годишникот од Челзи нема да биде евтина аквизиција. „Сините“ го доведоа во летото 2018 година за 57.000.000 евра. Од тој момент одигра точно 100 меча во сите натпреварувања и постигна 10 гола.

На Арсенал му останува до крајот на преодниот рок да најде средства за сериозен играч за врска, или двајца, со цел да не му се повтори сценариото од претходните четири сезони кога не успеваше да го заврши првенството меѓу најдобрите четири тима.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top