На австралиска Мис, властите и забраниле да го напушти Бали поради пасошот

Теган Мартин, поранешната Мис Универзум на Австралија, е задржана на островот Бали, Индонезија поради бизарен проблем со пасошот..

Теган била спречена да се качи на авион и да си замине од Бали , откако аеродромската полиција забележала траги од вода на нејзиниот пасош.

Teган вели дека била запрена на аеродромот во Денпасар и поради баналниот проблем со пасошот ќе ја пропушти добротворната гала забава на својот пријател во Сиднеј.

Целата приказна беше споделена на Инстаграм со објава на фотографијата од пасошот  каде се гледа мала трага на местото каде што пасошот бил влажен. "Не можев да заминам поради оваа дамка во аголот на пасошот. Дали ова му се случило на некој друг?" пишува убавата Теган во описот.

И други ги споделија своите искуства откривајќи дека слични проблеми им се случиле поради што  Теган ќе мора да остане подолго на Бали отколку што планирала.

"Ви благодарам на сите за вашата загриженост и совети. Се чини дека ова им се случило на неколку луѓе. Вечерва ми недостига семејството и  добротворна вечера на мојот пријател Дони. Јас сум очајна поради тоа, со нетрпение очекувам ја очекував", изјави 26-годишната манекенка.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top