На Блискиот Исток војуваат повеќе од 1000 борци од Балканот, голем дел од Македонија

Дваесетина припадници на терористичката организација Исламска држава кои се бореле на Блискиот Исток, а се со потекло од Македонија, загинале во Сирија и Ирак..

Околу 1000 луѓе од Западен Балкан се бореле и се уште се борат на бојните полиња на Блискиот Исток. Според податоците на Центарот за борба против тероризмот, Вест Поинт, стотина се државјани на Македонија, а најголемиот дел од нив војуваат на бојните полиња во Сирија и Ирак.

Дваесетина припадници на терористичката организација Исламска држава кои се бореле на Блискиот Исток, а се со потекло од Македонија, загинале во Сирија и Ирак. Станува збор за лица од албанска националност.

Според Центарот, Македонија успешно го решава овој проблем и од година во година се помал е бројот на луѓе кои војуваат на бојните полиња на Блискиот Исток.

Податоците на Центарот се од крајот на минатата година. Но, прашањето за бројот на борци од Западен Балкан на Блискиот Исток се актуелизира по растот на тензиите меѓу САД и Иран.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top