НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Во 1014 година од срцев удар починал Цар Самуил

На 6 октомври 1014 година во Преспа починал царот Самуил..

Во битката кај Беласица на 29 јули 1014 година, што се воделе меѓу војските на Самуил и византискиот цар Василиј Втори, војските на царот Самуил биле целосно поразени, а тој се спасил со бегство.

По битката, византискиот цар Василиј Втори наредил да се ослепат околу 15.000 Самуилови војници, а на секој стоти војник да му се остави по едно око за да ги води другите. Така ослепените војници биле испратени кај царот Самуил.

Од глетката што ја видел, Самуил умрел од срцев удар. Самуил го наследил неговиот син Гаврил Радомир.

Самуиловата држава постоела 38 години, од 976 година до смртта на Гаврил Радомир, во 1018 година.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top