На Еди Рама не му смета тоа што градоначалникот шверцувал дрога, туку тоа што опозицијата го откри тоа

Албанскиот премиер Еди Рама смета дека градоначалникот на Скадар, Валдрин Пјетри, кој поднесе оставка поради обвинувањата дека во Италија бил осуден за шверц на дрога, не значи дека е криминалец..

Според Рама, Пјетри во администрацијата на општина Скадар работел коректно и „што и да правел кога имал 19 години, не значи дека е криминалец“.

„Партиите не можат да објавуваат податоци од кривична евиденција за поединци. Овие документи можат да бидат добиени само на барање на полицијата или обвинителството“, изјави албанскиот премиер Еди Рама.

Рама додаде дека кандидатите кои што не ги изнеле точните податоци за себеси во иднина треба да бидат исклучени од изборната трка без можност да се регистрираат на изборите и мора да превземат целосна одговорност за лажно претставување.

Откако албанската опозиција откри дека Пјетри во Фиренца бил осуден за шверц на дрога, а потоа и депортиран од Италија, градоначалникот на Скадар одлучи да се повлече од функцијата.

Лидерот на најголемата опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша после скандалот се огласи и порача дека таквата одлука значи „еден криминалец помалку во албанската политика“, додавајќи дека сепак ништо не е готово додека на власт е Рама.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top