На границата со Бугарија нема поголем прилив на бегалци од Турција

Бугарскиот министер за внатрешни работи изјави дека денес немало поголем прилив на емигранти од Турција, и тоа по најавите од Анкара дека нема да ги спречува бегалците на патот кон Европа, јавува Ројтерс..

По овие најави Бугарија на границата со Турција долга 300 километри испрати дополнителни 1.000 полицајци и војници за да ги сопре емигрантите во онидот за нелегално преминување.

Откако во Сирија вчера беа убиени најмалку 33 турски војници за време на судирите со безбеднисните сили на сириската влада помогнати од руската авијација, од Анкара порачаа дека нема да го спречуваат заминувањето на бегалците и емигрантите од нивната земја. Очекувано, бегалците потоа се упатија кон бугарската и грчката граница.

„Ситуацијата на територијата на Сирија е загрижувачка. Но во овој момент нема обиди за преминување во нашата земја, освен поединечни случаи“, изјави Младен Маринов, бугарскиот министер за внатрешни работи.

Покрај тоа, бугарскиот премиер Бојко Борисов ќе се сретне во понеделник со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за да разговараат за ситуацијата со емигрантите и развојот на тензиите во Сирија.

Борисов за својот разговор со Ердоган ја известил Урсула фон дер Лејен, претседателката на Европската комисија, и кажал дека Брисел треба да ги продолжи преговорите за емигрантите со Анкара.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top