На гувернерот на Њујорк во живо на ТВ му земаа брис за ковид-19

На гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, му земаа брис за тест за ковид-19 во пренос кој се емитуваше на телевизија..

Тој тоа го направи додека имаше брифинг со новинарските екипи.

Како што рече, на ваков начин сака да демонстрира колку е брзо и лесно земањето брис од страна на лекарите.

Земањето брис тој гo пренесуваше и на неговиот официјален профил на Фејсбук.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top