На Кина и се заканува тајфунот Канун, постои опасност од лизгање на земјиштето

Тајфунот Канун најверојатно утре изутрина ќе го погоди јужниот дел на Кина со јачина на ветрот до 114 километри на час..

Тајфунот Канун најверојатно утре изутрина ќе го погоди јужниот дел на Кина со јачина на ветрот до 114 километри на час, предупреди денеска кинескиот метеоролошки завод.

Властите, исто така, предупредија и за опасност од бура.

Според извештајот на националниот Метеоролошки завод, се очекува бурата да предизвика лизгање на земјиштето меѓу провинциите Џанџанг, Гуангдунг и Венчанг, како и во провинцијата Хајнан.

Издадено е портокалово предупредување за опасност. Во периодот од денеска до утре изутрина наведените провинции ќе бидат погодени од поројни дождови.

Бурата се појавува околу два месеца по тајфунот Хато, кој достигна максимална категорија 10, при што имаше жртви и беше предизвикана огромна материјална штета во јужниот дел на Кина. 



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top