На Мурињо му е преку глава, ќе испрати рекордна понуда за нов стопер

Португалецот изгледа доби зелено светло од раководството, но оваа мисија делува невозможно и покрај тоа што понуда делува нереално..

Во текот на преодниот рок Јунајтед имаше многу идеи, беше јасно дека Мурињо смета дека му се потребни нови стопери и дека тоа е најслабиот дел од тимот.

Алдервеирелд беше споменуван најчесто, но Белгиецот подоцна изјави дека немал намера да го напушти Тотенхем, откако Покетино јасно му порачал дека смета на некого. Сега тој автоматски го продолжи договорот, но следното лето ќе има клаузула од 30 милиони евра за да си замине.

Потоа Мурињо го сакаше Мегваер по одличниот Мундијал, Лестер постави цена од 80 милиони евра, одличниот стопер го продолжи договорот, па и таа опција пропадна. Се споменуваа и Бонучи кој се врати во Јувентус, потоа Ромањоли за кого Милан не сакаше да чуе ниту една понуда, исто како со ПСЖ и Маркињос, па на крајот Мурињо остана со празни раце.

Сега клубот наводно му понудил на Мурињо големо изненадување. Имено, клубот од „Олд Трафорд“ ќе понуди околу 120 милиони евра за Рафаел Варан.

Реал најверојатно ќе ја одбие оваа понуда, но Мурињо се надева во желбата на Французинот кој би сакал да соработува со човекот кој го промовираше во првиот тим. Тешко е да се реализира овој трансфер, иако Варан би станал далеку најскапиот дефанзивец во историјата, но и еден од 10-те најскапи играчи на сите времиња.

Со оглед на тоа дека Реал е во потрага по стопер, тешко ќе се откаже од Варан, или евентуално би прифатил размена за Погба. Истата цел наводно ја има и Јувентус кој за Французинот е подготвен да се откаже од Дибала.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top