На олтарот во црква во Бејрут остана сe на свое - снимката од оваа црква тера на размислување

Необичен настан кој се случи во Бејрут го остави светот со подотворена уста и многумина се замислија. Според коментарите кои можат да се прочитаат на социјалните мрежи, за голем број луѓе ова е знак дека Бог сепак е тука покрај нас..

Бројни молитви се упатени за луѓето во Бејрут, од луѓето од целиот свет. Свештеникот кој е сведок на настанот, замолува сите луѓе да се молат.

За настанот известува BBC преку видеото снимено директно од сигурносните камери во црквата. Оваа божја куќа е оддалечена помалку од еден километар од местото на стра вичната екс плозија која се случи само пред една недела, на 4. Август.

Грчката православна црква Свети Димитрија не била поштедена од последиците на екс плозијата која одекнала на одалеченост од помалку од еден километар.

Свештеникот кој раскажува и сведочи за необичниот настан, вели дека истиот се случил само што ја напуштил црквата и се упатил кон домот.

Откако го оставил семејството на безбедно, се вратил назад за да ја провери штетата. Тука тој доживеал вистинско чу-до, бил навистина изненаден од глетката која го пречекала.

Имено, од настанатиот потрес било речиси сè испокршено и срушено, освен светиот олтар. Свештеникот Јули Насиф раскажува:

-Ја напуштив црквата со децата 12 минути пред да се случи силната екс плозија. Бевме тргнати кон дома кога сè се затресе.

Ги оставив децата дома и се вратив да проверам што се случило и колкава е штетата во црквата. Кога стигнав, бев шо киран – изјавил свештеникот Насиф за BBC.

Црквата била уништена, но светиот олтарски простор, заштитен со иконостас (ѕид од икони), бил речиси недопрен – вклучително и ламбата со масло која останала запалена и не се изгасила од силниот потрес.

-Кога влегов во олтарот, бев шо киран зошто беше како недопрен. Библијата, ламбата – сè си стоеше на свое место, реликвиите на светецот, па дури немаше ни скршено стакло – опишува свештеникот.

Според зборовите на свештеникот Насиф, во време на криза луѓето трагаат по знаци, за светлина во темнината, а тој верува и чувствува дека токму ова е знак испратен од Бога.

-Почувствував дека тоа е порака од Бог кој ни говори дека тој е тука покрај нас. Потребни ни е луѓето да се молат за нас, не само во Бејрут. Ве молам, луѓе од целиот свет, молете се за нас! – завршува свештеникот.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top