На осветување на црква во Велес поканет Груевски, но не и вицепремиерот Анѓушев кој донирал за изградбата

И покрај тоа што донирашре вицепремиерот Анѓушев не беше поканет на осветувањето..

На осветувањето на црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, митрополитот на повардарската епархија Агатангел, не го поканил ктиторот Кочо Анѓушев, на комплетниот фрескоживопис и дарител на електриката во црквата Свети Кирил и Методиј која се градеше 11 години. 

Не е поканет никој ниту од новата влада. Единствено поканет е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на осветувањето на храмот, чин кој почна во петокот, а завршува денеска наутро.

Чинот на осветувањето ќе почне во 8 часот и се очекува големо присуство на гости, верници и на донаторите што помогнаа да се изгради овој духовен храм во Велес. Бизнисменоти  вицепремиер Анѓушев помогнал со 230.000 евра во изградбата.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top