На повидок е нов метод за лекување на дислекцијата

Пореметувањето на способностите за читање и пишување познат како дислекција, според белгиските научници се јавува поради проблем во координацијата на вкупно 13 регии во мозокот кај детето..

Ова пореметување е карактеристично за сите нивоа на интелегенција, сочувана е општата мозочна способност и сензорната вештина. Но, поради некои причини, во текот на читањето или пишувањето детето испушта букви или зборови.

Од претходно споменатите регии сите се задолжени за препознавање на елементарните звуци освем една која е задолжена за јазикот.

Според белгиските научници, наскоро би можело да им се помогне на децата со дислекција да го надминат тој проблем. Тие велат дека со помош на карактеристичен вид на електростимулација која не е инвазивна ќе може да се воспостави логична поврзаност помеѓу региите во мозокот.

Сепак, за да се утврди точниот начин на делување на електростимулациите и за да оваа терапија се примени во пракса, научниците наведуваат дека се потребни дополнителни истражувања.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top