На протестите во Франција учествуваа 84.000 лица, приведени 244

Во деветтата сабота од протестите на француското движење „Жолти елеци“ учествуваа 84.000 лица ширум земјата, од кои 8.000 во Париз, додека 244 лица се приведени, соопшти француското Министерство за внатрешни работи..

За споредба, во првите недели од протестите, на крајот на ноември и почетокот на декември, на протестите учествуваа 288.000 лица, пренесуваат француските медиуми.

Како што соопшти полицијата, лицата кои се уапсени учествувале во насилство или носеле со себе забрането оружје.

Помеѓу полицијата и демонстрантите дојде до судир на неколку локации, пришто безбедносните сили употребија солзавец за да поттиснат дел од демонстрантите кои врз нив фрлале камења и други предмети, пренесе „АП“.

Француските власти распоредија 80.000 припадници на безбедносните сили ширум земјата поради денешните антивладини протести.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top