На „Рекет“ објавени СМС пораки меѓу Боки 13 и Зоран Заев

Бојан Јовановски лани го молел тогашниот премиер Зоран Заев за средба..

Го убедувал дека никогаш не го злоупотребил неговото име и оти му е пријател. Ваквите комуникации лани во средината на април ѝ ги испратил на неговата мајка Јасимина Јовановска. Тие и други материјали денеска беа прикажани на продоолжението на судењето за случајот Рекет.

Боки 13 до Заев:

Крајната одлука за нашиот однос ќе биде твоја одлука. Јас сум ти другар и пријател. Јасно кристална ми е целата конструкција. Ве молам кога ќе можете да ме примите.

Заев му враќа дека како претседател на Влада, тој бил должен да ја штити правната држава.

Заев до Боки 13:

„Боки ги видов доказите. Можеш ли да замислиш колку сум огорчен. Извини, но грозно е!“

Боки 13 до Заев:

„Уште еднаш да размислите и да ме примите на една средба. Никогаш не сум го злоупотребил вашето име“.

Заев до Боки 13:

„Ова не е дозволиво. Ова е чист рекет!“

Поранешниот премиер денеска потврди дека се допишувал со Боки, но тврди оти не се сретнал.

„Самите пораки денеска се доказ, јас не знам за пораките не можам да се сеќавам на сè. Самите пораки се доказ каков сте и викате – не ме интересира. Можеш да бидеш газда ти на провладин медиум, може да ги поддржуваш моите политики, може да ме величиш колку сакаш, си се огрешил пред закон има да си одговараш“, рече Заев.

На судењето за „Рекет“, обвинителството презентираше и фотографија од поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, а пред неа купче со банкноти од по 500 евра. Обвинителството презентираше и комуникации. Боки 13 и адвокатот Васко Димишков.

Тој во пораките го користи кодното име „мајка“, прашувајќи го Боки дали од неа може да извлече инфомации. Боки се допишувал и со Томе Главчев кој е осомничен во истрагата „Поштенска банка“. Главчев му кажува дека уплатил. Станува збор за сума од еден милион евра. Обвинителството презентираше и разговори на Боки со ТВ водителката Лила Стојановска, која му мажува за средба на бизнисменот Орце Камчев и адвокатката Наташа Савова.

А, пред почетокот на денешното судење, Јовановски се пожали дека не му е добро. Во судот дојде брза помош, но докоторот заклучи дека Боки може да го следи судењето. Во Кривичниот суд пристигна и допис од Клиника каде било наведено дека Јовановски нема рак на желудникот, но тој возврати дека дописот не е точен зашто не го прегледал конзилиум од лекари. Судењето продолжува задутре.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top