На самитот Г7 продолжи „борбата со раце“ на Трамп и Макрон

Ракувањето на американскиот и францускиот претседател Доналд Трамп и Емануел Макрон на самитот на Г7 повторно предизвика многу коментари, пишува АФП..

Како што наведува агенцијата, многумина истото го сметаат за симбол на тензијата во која мина самитот.

Имено, на фотографиите направени по билатералната средба на Трамп и Макрон може да се види црвената дланка на претседателот на САД по ракувањето со неговиот француски колега, додека многу Французи на социјалните мрежи се шегуваат со прашањето кој би победил во натпревар на туркање со раце.

„Франс прес“ оцени дека ваквото силно ракување меѓу двајцата претседатели и симбол на тензиите меѓу САД од една страна и Франција и останатите земји од Г7, од друга, а во врска со трговските прашања, иранскиот нуклеарен договор, екологијата и улогата на Русија.

Говорот на телото на Макрон и Трамп стана предмет на интерес на медиумите, уште од нивната прва средба.

За време на посетата на Макрон на САД, медиумите ја забележаа блискоста и постојаното допирање на двајцата претседатели, кои беа во прегратка, се ракуваа, а Трамп дури се охрабри и да го исчисти првутот од сакото на Макрон.

Првиот состанок во Брисел во 2017 година предизвика медиумско внимание поради силното ракување што траеше невообичаено долго.

Макрон во една прилика изјави дека ракувањето со Трамп не е воопшто наивно и дека истото претставува момент на вистина.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top