На Шарапова и се заканува седум години затвор

Руската тенисерка, Марија Шарапова се соочува со сериозни обвиненија во Индија..

Славната тенисерка е на удар поради измама со недвижности. Нејзиното име се доведува во врска со проектот за изградба на луксузен стамбен објект чија изградба никогаш и не започна, а требаше да биде заврешен во 2016 година.

Имено, Шарапова и самата во 2013 година била во Индија да го промовира споменатиот проект. Според индискиот Кривичен законик, прекрашен е членот 420, а тужби се подготвуваа за неколку фирми каде што директор е и самата Шарапова.

Ако овие обвиненија се покажат како вистините, предвидена казна за вакво деле е и до седум години затвор.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top