На Сити му била среќата: Шеикот Мансур бил пред купување лондонски клуб

На Сити му била среќата: Шеикот Мансур бил пред купување лондонски клуб.

Намерата на еден од најбогатите луѓе во светот била да купи клуб од Лондон, бил во сериозни преговори со еден од нив (името не е познато), но на крајот се одлучил за Сити.

„Средбата со претставникот на лондонскиот клуб се одржа во еден хотел во Париз каде што беше сместен Мансур. Долго траеја преговорите и на крајот тој се откажа. Од летото 2008 година се вљуби во Сити и одлучи таму да инвестира”, открива Ал Мубарак.

Од неговото доаѓање во Сити, овој клуб освои три титули во Премиер лигата, еден во ФА Купот, три во Лига купот на Англија и еднаш стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top