На скандалот му нема крај, Меси разговарал со Бартомеу: Сето ова ми е многу чудно

Барселона овие денови ја тресе голем скандал во кој се најде претседателот на овој клуб Жозеп Марија Бартомеу..

„Мундо Депортиво“ пред неколку дена објави дека Бартомеу им плаќал на ПР агенции за на социјалните мрежи да ги навредуваат сите оние кои се против него. Наводно, тие тоа го правеле против Меси, Пике, Пујол, Гвардиола и многу други.

Ова и тоа како ја стресе атмосферата во соблекувалната на Барселона, а Бартомеу вчера одржа вонредна конференција. Тој порача дека ова се лажи информации и дека ќе ги тужи сите оние кои ја објавија оваа вест.

После се се огласи и Лионел Меси кој откри дека Бартомеу дошол на тренингот на Барселона со цел да им објасни на играчите што се случува, но и покрај тоа очигледно е дека Меси не бил баш убеден во приказната на претседателот на Барса.

„Ме изненади овој скандал со социјалните мрежи. Претседателот дојде и ни го кажа истото што го кажа и на прес-конференцијата. Сега ќе мораме да почекаме да видиме што е вистина во сето тоа. Многу работи не можеме да кажеме во моментов, но признавам дека сето тоа ми е многу чудно“, изјави Меси.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top