На „свадба“ во Тетово гостите за подарок носеа кеси полни ѓубре

Необична „свадба“ денеска се одржа на градскиот плоштад во Тетово. Имаше музика, гости, се вртеа ора..

Гостите, членови на невладини организации, наместо подароци во пликоа, на младоженците им носеа вреќи полни со ѓубре кои ги собрале во градот пред да дојдат на свадбата.

На музичарите, наместо да им се лепат пари, им даваа заштитни маски за дишење.

Младоженецот беше облечен во костум направен од црни вреќи за отпад, а невестата во венчаница од хартија и кеси од маркети.

Со ваквите акции, невладините упатија порака за сметот и смрдеата во Тетово кои треба да се исчистат.

Акции за чистење денеска се организираа во десетина градови во земјава под покровителство на Ротари клубот во соработка со невладините организации.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top