На својот роденден Наум Петрески ќе промовира нова песна и спот

На неговиот роденден, Наум Петрески ќе промовира нова песна и спот. Веднаш после промоцијата, ќе се стационира во Охридско-Струшкиот регион каде што сака да ги помине престојните празници..

Македонскиот легендарен пејач, Наум Петрески никогаш не мирува и секој момент го користи да сними нешто ново. Тој на неговиот роденден, на 7-ми декември ќе одржи официјална промоција на нова пилот песна, а ќе ја претстави заедно со спот.

-Секако јас секогаш работам. Сега подготвувам промоција на 7-ми декември каде што ќе бидете уредно поканети да бидете дел од мојата пилот песна на мојот роденден. Ќе има нов спот и нова песна, еден Новогодишен подарок од мене за моите фанови.-истакна Петрески, за естрадниот магазин Естрада плус.

Наум периодот кој следува ќе го искористи за престој во Охридско-Струшкиот регион од каде што и потекнува.

-Оваа година сакам да си останам тука, да си бидам во мојот Охридско-Струшки регион и така да си ги поминеме тука сите празници до Св. Јован. Тука ќе бидам, ќе се дружиме, ќе се гледаме во секое време.-вели Наум во интервјуто за ИН ТВ.

Како што вели во интервјуто за ИН ТВ, Новогодишните и Божикни празници сака да ги помине со неговите најблиски.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top