На Талат Џафери му треба одмор, делегацијата во Крушево ќе ја предводи Мисовски

Џафери по изборната кампања беше хоспитализиран на Инфективната клиника со симптоми на Ковид-19, иако сите тестови досега му беа негативни..

Делегацијата на Собранието по повод одбележувањето на националниот празник 2 Август – Денот на Републиката, на Мечкин камен, Крушево, ќе ја предводи потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, соопштуваат од собраниската прес служба.

- Претседателот на Собранието, Талат Џафери, е во добра здравствена состојба, нопо препорака на лекарите неопходен му е дополнителен одмор и мирување, велат од таму.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top