На „заробените“ крузери почнаа самоубиства и штрајкови со глад

Само во американските води се усидрени повеќе од 100 бродови со 70.000 членови на посадите, потврдила Крајбржната стража на САД за АФП..

Повеќе десетици илјади работници кои  се заробени на крузерите поради пандемијата стануваат очајни, па во последните десетина дена неколкумина од нив извршиле самоубиства, а други почнаа штрајкови со глад за да усепат некако да дојдат до копно, а потоа и до своите домови.

Крстосувачката индустрија е тешко погодена од пандемијата на коронавирусот и сите крузери се усидрени од 13 март. Додека патниците некако се извлекоа, илјадници работници се заробени во морските води, често и поради бирократски кочници.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top