На жителите на Мелбурн дозволено им е да одат само по набавка на намирници или на доктор

Австралија досега многу подобро се справи од многу од останатите земји со коронавирусот со вкупно потврдени 7.920 случаи и помалку од 400 смртни случаи..

Австралиските власти одлучиле над 300 илјади луѓе од северните предградија на Мелбурн да ги стават во карантин до крајот на месец јули со цел спречување на понатамошно ширење на коронавирусот.

Мерките кои што се воведуваат во северното предградие на Мелбурн значи дека граѓаните повторно ќе мора да останат во своите домови, освен кога одат по набавка на намирници, на доктор или пак доколку негуваат стари и немоќни лица.

Австралија досега добро се справува со коронавирусот за разлика од останатите земји во светот.

„Доколку бидеме обединети во наредните неколку седмици, може да ја вратиме ситуацијата во контрола во сите делови на Мелбурн“ - изјавил начелникот на медицинскиот штаб Пол Кели. 


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top