Над 800 криптовалути вредат помалку од еден цент

Во неодамнешниот масакр на криптовалутите, меѓу кои и најпопуларниот Биткоин кој изгуби околу 70% од вредноста, околу 800 криптовалути сега вредат помалку од еден цент, пишува CNBC..

Иако иницијалните понуди (ICO) продолжуваат да го преплавуваат пазарот на криптовалути, не сите се успешни, и навистина мал дел од дигиталните монети успеваат да “преживеат”. Всушност, добар број од нив завршија како измами, а многу од нив не произведоа никакви опипливи понуди во однос на ветениот производ или услуга. “DeadCoins” – веб-сајт кој ги следи ICO измамите, идентификуваше околу 800 криптовалути кои може да се сметаат за “мртви”, и се дефинирани како оние чија вредност е под еден цент, а со тоа се безвредни и бескорисни. Сега на оваа ажурирана листа на “мртви” криптовалути има над 800, а бројот продолжува да расте.

Тимот на “DeadCoins” се обидува колку што е можно да ја задржи својата листа ажурирана и на тој начин “да го исчисти” пазарот на криптовалути од различно ѓубре. На листата освен името, описот, кратенките, а понекогаш и линк со информации за секоја криптовалута поединечно, вклучува информации за тоа зошто некои од нив се прогласени за безвредни. Така криптовалутите се ставаат во четири групи – згаснати, хакирани, пародии или измами. Вообичаено, згаснати или неуспешни криптовалути во моментот се над 630, 12 се прогласени за хакирани, 130 во категоријата измама и се наведени над 50 монети за пародија. Секој кој има информации за друг неуспешен крипто проект може да го пријави на истото место, а нивниот придонес ќе помогне да се ажурира оваа листа.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top