Над милион заболени од Ковид-19 во светот

Денеска бројот на заболени од новиот коронавирус, познат како Ковид-19 надмина еден милион лица..

Над 60 проценти од заболените припаѓаат на петте најпогодени држави од кои три се европски. Европа е најпогодениот континет со дури 530.000 од заболените а безмалку 50 проценти од починатите 51.356 лица, дури 24 илјади се жртви на вирусот во двете најпогодени европски земји, Италија и Шпанија. Во обид да се ограничи ширењето на вирусот целиот континет е во своевиден карантин, границите се затворени, улиците на европските метрополи празни а најголемиот дел од бизнисите не работат. ЕК презеде низа мерки за да им помогне на членките на унијата да се справат со последиците од вирусот.

Оваа криза е глобална. Ниту една земја нема да биде поштедена, ниту еден континент нема да биде поштеден, вирусот не познава граници. Вредностите ни се целосно меѓусебно поврзани и нашите економии зависат една од друга. Како што економскиот раст беше глобален вчера, економската криза ќе биде глобална утре, порача францускиот министер за финансии Бруно Ле Мари.

Покрај Европа ситуацијата станува скојдневно посериозна и во САД. Со повеќе од 20.000 нови случаи на дневна основа САД ги надминаа сите останати по бројот на заболени. До сега имаат 235.747 заразени, од кои 5.624 починаа а над 5.400 се во критична состојба. Најпогодена е сојузната држава Њујорк со дури 92.400 случаи. Гувернерот Едру Куомо денеска предупреди дека државата брзо ги троши медицинските залихи.

Според моменталната стапка на трошење, имаме отприлика за уште шест денови залиха на вентилатори. Што значи ако продолжи оваа стапка на трошење, бројот на луѓе кои доаѓаат во болниците и имаат потреба од вентилатори, ако таа стапка продолжи, во нашата залиха имаме околу шест денови, рече Куомо.

Економските последици од пандемијата за САД се застрашувачки. Дури 10 милиони американци побарале бенефиции за невработеност а во својата анализа Банката на Америка поредупреди дека ако продолжи овој тренд САД ја очекуваат најдлабоката рецесија во историјата на земјата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top