Најава за трагичниот викенд имало уште во петокот: Ѕвезда на Челси се онесвестила на тренинг

Челси изгледаше анемично и бездушно против Манчестер Сити, но фудбалерите на Антонио Конте можеби уште биле во шок од она што се случувало два дена претходно..

На петочниот тренинг се случила драма кога Нголо Канте паднал на теренот и останал без свест. За среќа, лекарскиот тим брзо реагирал и францускиот фудбалер бил однесен на дополнителни прегледи.

Морал да помине неколку тестови за да се открие дали има проблеми со срцето, но излегло дека нема. Сепак, Антонио Конте ги послушал советите на докторите и Канте не играше против Сити.

За потсетување, ноќта во саботата кон неделата во сон почина капитенот на Фиорентина, Давиде Астори, а уште на два натпревара низ Европа имаше случаи во кои фудбалери лежеа онесвестени на теренот.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top