Најчестиот збор што луѓето го изговараат во сон

Повеќето зборови што се изговорени за време на спиење се негативни, па дури и доста вулгарни, покажува француска студија објавена во списанието „Слип“..

Постои инернет-страница со име Sleep Talk Recorder на која луѓето објавуваат аудиоснимки од она што тие или нивните блиски го говореле во сон.

Речиси 10 проценти од снимките биле пцости. Сепак, еден збор што не е пцост отскокнувал од другите, а се работи за зборот „не“. Научниците претпоставуваат дека зборувањето се јавува во текот на РЕМ-фазата на спиење кога има поголеми шанси за интензивни и емоционални соништа. Во овие соништа може да има некои тешки ситуации штокои ги тераат луѓето да кажат „не“.

Она што е интересно во ова истражување е дека повеќето од разговорите во сонот се граматички точни, дури и кога кажаното изобилува со пцости.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top