Најденото тело имало слична облека како на Дениса Маркоска

Семејството на Маркоска потврди вчера дека од нив е побарана ДНК анализа заради утврдување на идентитенот на најденото тело..

Женскиот труп во распаѓање што беше најден во саботата близу островот Карпатос, за кој постојат сомневања дека е на исчезнатата Дениса Маркоска, имал само долна облека и патики, информираат грчките медиуми. Тие шпекулираат дека телото е на 23-годишната македонска државјанка, но тоа не е официјално потврдено од грчкото обвинителство кое ги чека ДНК анализите на крвта, по што, според најавите, веднаш ќе бидат известени и македонските дипломати во Атина.

Грчките истражни органи го информирале македонското Министерство за надворешни работи дека е пронајдено тело кое според облеката кореспондира на Македонката Дениза Маркоска.

Семејството на Маркоска потврди вчера дека од нив е побарана ДНК анализа заради утврдување на идентитенот на најденото тело.


Критските медиуми, пак, известуваат дека на дополнителни разговори во тамошното обвинителство се повикани неколкумина од колегите на Маркоска, но нема повеќе детали за причината поради која грчките власти ги побарале на дообјаснување. Аутопсијата која веќе е завршена, пишуваат критските медиуми, веќе ја утврдиле причината и времето кога настапила смртта, и шпекулираат дека можно е некој од нив директно или индиректно да е поврзан со немилиот настан кој се случи на бродот кој плови под руско знаме.

Дениса исчезна на 12 септември од брод во движење на кој работела.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top