Најголемиот истражувач на Земјата со сериозен апел: Цивилизацијата ни е пред колапс!

Еден од најголемите истражувачи и вљубеници во природата, 92- годишниот Сер Дејвид Атенбороу серизоно е загрижен за иднината на нашата планета..

Во до сега најдраматичната изјава тој предупредува дека светот е соочен со најголемата штета на животната средина што може да доведе до колапс на цивилизацијата. Надеж има само доколку веднаш се преземат драматични мерки, предупредува Сер Дејвида Атенбороу.

„Можеби звучи застрашувачки , но научните докази покажуваат дека ќе се соочиме со неповратни последици од нашето загадување на Земјата доколку не се преземат радикални мерки. Тој собрал изјави на голем број врвни научници , кои велат дека температурата на глобално ниво расте неверојатно брзо , па сега светот е најмалку за еден степен потопол отколку во ерата на индустриската револуција.

„Дваесет најтопли години беа во последните 22 години” , ја потврдува оваа закана за човештвото Др. Питер Скот од британскиот Метеоролошки завод. За да се одржи порастот на температурата барем на 1,5 степени , ќе треба драстично да се намалат гасовите што предизвикуваат ефект на стаклена градина , вели научникот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top